Прогонувачот на Кендал Џенер е пуштен на слобода: Манекенката бесно им се обратила на медиумите

Точка

20/10/2018

14:56

4.637

Големина на фонт

а а а

Кендал Џенер се исплашила за својата безбедност откако на нејзиниот имот провалил 37-годишниот Канаѓанец Џон Форд.

Форд ја следел манекенката, провалил на нејзиниот имот и седел покрај базенот, по што бил уапсен во вторникот а веќе следниот ден бил пуштен на слобода откако било воочено дека тој е психички стабилен. 

Прогонувачот го прекршил налогот за забрането приоѓање, по што во четвртокот бил повторно уапсен и обвинет по што му се закануваат до шест месеци затвор. Одредена му е кауција од 30 илјади долари.


Како што пишуваат странските медиуми, Кендал ги засилила мерките за безбедност на својот имот. Таа се огласила и на Твитер и била бесна бидејќи медиумите ја објавиле нејзината точна адреса, сметајќи дека со тоа потполно ѝ ја загрозуваат безбедноста.

"Разбирам на што се согласив, но кога објавувате точна локација од мојот дом, ми го доведувате животот во опасност. Вашиот дом е вашето сигурно засолниште, но моето, поради таквите како вас, стана се' освен тоа. Засрамете се", напишала Кендал.

"И како мислите дека ваквите типови знаат каде живеам? Затоа што објавувате не само фотографии, туку и мојата адреса. Зарем не би требало тоа да е единствената приватна работа која ја имаме?", напишала бесната Џенер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг