Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера изјавил дека би можел да разгледа воведување на санкции против Саудиска Арабија поради исчезнатиот саудиски новинар Џамал Кашоги, пренесува "AP".
Се наведува дека Трамп, по потпишувањето на претседателскиот указ во Аризона, на новинарите им рекол дека ќе го вклучи Конгресот во било какво одлучување, но навел и дека ќе даде "одредени препораки".
Трамп порачал дека "уште е прерано" за утврдување на потенцијални последици, но дека очекува дека до понеделник ќе се дознае нешто повеќе за тој случај.
"Ќе откриеме кој знаел што, каде и кога и ќе го утврдиме тоа", рекол Трамп.
Се наведува дека Трамп вчера рекол дека "секако изгледа" дека Кашоги е мртов и се заканил со "многу тешки" последици доколку се утврди дека Саудијците го убиле новинарот.
"AP" наведува дека исчезнувањето на Кашоги предизвикало глобално незадоволство и се заканило по односот на САД и Саудиска Арабија.
"AP" потсетува дека тој последен пат на 2. октомври бил виен како влегува во саудискиот конзулат во Истанбул.
Во петокот навечер една саудиска телевизија објавила дека првите резултати од истрагата покажуваат дека новинарот Џамал Кашоги почнал по тепачка која избила меѓу него и луѓето со кои се состанал во саудискиот конзулат на 2. октомври.