Резултати од истрагата на Саудијците: Новинарот бил убиен откако избила тепачка во конзулатот

Точка

20/10/2018

10:30

3.651

Големина на фонт

а а а

Истрагата која што одделно ја водат саудиските и турските власти и натаму е во тек, а во меѓувреме се уапсени 18 Саудијци досега.

Саудискиот новинар и колумнист на “The Washington Post”, инаку истакнат критичар на саудиските власти – Џамал Кашоги, починал во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул откако избила тепачка со луѓето кои што ги сретнал таму.

Ова го соопштија Саудиските власти врз основа на прелиминарните резултати од истрагата, иако не открија зошто некој се обидувал да ја сокрие ликвидацијата на новинарот кој што влегол во зградата на конзулатот за да земе документи за венчавка.


„Истрагата се уште е во тек и досега се уапсени 18 Саудијци“, стои во соопштението на саудискиот обвинител и се додава дека советникот на Кралскиот суд, Сауд Ел Катани и заменик директорот на разузнавачката служба Ахмед Асири биле сменети од своите позиции, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“.

Кашоги исчезна на 2-ри октомври, а иако има видео снимки од надзорни камери на кои се гледа како влегува во конзулатот, нема снимки кои што докажуваат дека тој излегува.


Турските власти инаку ја споменаа и можноста дека Кашоги откако бил убиен, неговото тело било исечено на парчиња и изнесено од конзулатот, а главните виновници за неговото убиство веќе следниот ден преку аеродромот „Ататурк“ во Истанбул ја напуштиле Турција и заминале за Саудиска Арабија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг