Славниот пејач ѝ запеал на терминално болната девојка покрај болничкиот кревет

Точка

20/10/2018

11:17

3.464

Големина на фонт

а а а

Пејачот Кит Урбан ѝ го исполнил сонот на една терминално болна обожавателка кога изненадно се појавил во болницата покрај нејзиниот кревет и ѝ ја отпеал нејзината омилена песна.

25-годишната Мариса Инглиш е родена со "безброј здравствени состојби, вклучувајќи и неоперабилна циста на мозокот, тешка сколиоза и церебрална парализа", пишува "WTOL". 

Мариса е пациентка во болницата "Mercy Health St. Vincent Medical Center" во Толедо, во американската сојузна држава Охајо, а судејќи според оние кои најдобро ја познаваат, таа е голема обожавателка на популарниот кантри пејач Кит Урбан, инаку сопруг на Никол Кидман.

Source: Country Singer Keith Is 'Urban Legend' as He Serenades Sick Fan at Ohio Children's Hospital by StoryfulNews

 

Поради ваквото сознание, група медицински сестри покренале кампања на социјалните мрежи со надеж дека пораката ќе стигне до пејачот, пред да пристигне во градот во склоп на својата турнеја.

Последната желба на Инглиш стигнала до Урбан, а тој без размислување се појавил во болницата. На емотивната снимка, Кит ја пее "Blue Ain't Your Color", нејзината омилена песна, држејќи ја нежно за рака додека таа се смеела. Пејачот одвоил време и за фотографирање со Мариса, а нејзиното семејство јавно му се заблагодарило на социјалните мрежи, каде го нарекле Кит “голем господин”. 

Не само што Кит Урбан ја посетил Мариса, тој на распродадениот концерт во Хантингтон ѝ го посветил целиот концерт.

“Имав прилика да запознаам прекрасна девојка со име Мариса, за која навистина мислам дека е мојот најголем обожавател. Нејзиното семејство е тука, некои од нејзините сестри. Целото вечерашно шоу ѝ го посветувам токму на неа, на Мариса”, рекол Урбан.




Спонзорирани линкови

Маркетинг