Некои архитектурата на овој град ја нарекуваат уметност, а други велат дека е кич

Точка

19/10/2018

18:41

4.142

Големина на фонт

а а а

Многу туристи никогаш не ни размислуваат на тоа да го посетат градот Ел Алто.

Вториот по големина град во Боливија е дом на највисокиот аеродром во Јужна Америка, кој се наоѓа на 4.061 метар надморска височина и место кое посетителите треба да го видат пред Ла Паз, главниот град кој е оддалечен 15 километри.


Ел Алто започна да се трга од сенката на својот сосед, а благодарение на својата бунтовна архитектура, новите линии на гондолите, гастрономијата и првата жена градоначалник - Соледад Чапетон, тој привлекува се' поголемо внимание кај туристите и медиумите.

До Ел Алто можете да пристигнете преку Црвената линија од централната станица на Ла Паз, од која ќе се префрлите на Сината линија во Ла Сеха.


Кога ќе пристигнете во Ел Алто, ќе ви стане јасно дека сте пристигнале во град со живописна архитектура. Шаренилото кое постојано ќе ви биде присутно пред очи во некои моменти е претерано, но во други ја отсликува вистинската боливиска култура. Шарените згради и куќи се наречени чоле, што е спој од француските зборови "шоле" (колиба) и чолита (традиционално облечени староседелски жени). Сепак, тоа е израз кој на креаторот на овој архитектонски стил, Фреди Мамани, воопшто не му се допаѓа. Тој инсистира на терминот "модерна андска архитектура".

Стилот е нов, но дефинитивно влече корени од традиционалните вкусови и бои. Фреди е инспириран од рушевините во Тиванака, некогашната престолнина на истоимената андска цивилизација која им претходела на Инките и била многу моќна помеѓу 500-та и 900-та година пред новата ера.


Циглите и впечатливите бои се карактеристика на традиционалната градба, а домовите вредат два или три пати повеќе од стандардните бидејќи за самата изградба е потребно повеќе време. Многумина им замеруваат на градските управи за вложување на финансии во ваквата архитектура наместо во функционална канализација, но се повеќе се оние кои го одобруваат менувањето на изгледот на градот и тоа на традиционален боливиски начин.





Спонзорирани линкови

Маркетинг