Јапонскиот KY-O1L е најтенкиот мобилен телефон на светот, со дебелина од 5,3 милиметри

Точка

19/10/2018

19:47

2.825

Големина на фонт

а а а

Јапонската техно компанија Kyocera го произвела најтенкиот телефон на светот кој изгледа речиси како кредитна картичка. Станува збор за моделот KY-O1L.

Овој мобилен телефон е дебел дури 5,3 милиметри, а тежок околу 47 грама. Од NTT Docomo, компанијата која ќе го лансира овој уред, тврдат дека KY-O1L е најтенкиот и најлесниот мобилен телефон на светот. 

Mоделот Moto Z на компанијата Motorola е дебел околу 5,2 милиметри, но од Docomo напоменуваат дека овој телефон има испакната камера која не е пресметана во дебелината на уредот.


KY-O1L има 2,8-инчен монохроматски екран, LTE конекција и батерија од 380 mAh. За жал, мобилниот телефон не поседува камера ниту можност за инсталирање на апликации, но корисниците ќе добијат веб-пребарувач кој навистина ќе биде забавно да се користи на волку мал екран.

KY-O1L ќе изнесува околу 32 илјади јени, односно околу 300 долари, а во продажба ќе биде достапен веќе од следниот месец.




Спонзорирани линкови

Маркетинг