Милошоски бара веднаш да гласаат: Волјата на народот е посилна од притисокот врз неколку пратеници

Макфакс

19/10/2018

15:24

3.348

Големина на фонт

а а а

Пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ пред почетокот на продолжението на седницата за уставните измени на прес-конференција побараа од претседателот на Собранието, Талат Џафери, веднаш да почне гласањето за измените.

„Поминаа 19 дена од неуспешниот референдум на кој народот се изјасни дека нема одлука која дава мандат за уставни измени. Власта го одолговлекува гласањето затоа што се свесни дека за пратениците е поважна волјата на народот од притисците. Бараме Талат Џафери да ја стави точката на гласање и власта да види дека нема двотретинско мнозинство за уставните измени“, порача пратеникот Антонио Милошоски.

Тој додаде дека ќе гласаат согласно волјата на народот, која, како што рече, е посилна од притисокот врз неколку пратеници.

На прес-конференцијата не беа присутни сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг