Тајни снимки откриваат како Саудијците ги замолчуваат критичарите на принцот: Ми рекоа да изберам меѓу две сценарија и беа смртно сериозни

Точка

19/10/2018

17:11

4.916

Големина на фонт

а а а

27-годишниот Омар Абдулазиз, саудиски опозициски активисти и близок соработник на исчезнатиот саудиски новинар Џамал Кашоги, раскажал како саудиските власти се обиделе да го замолчат.

Абдулазиз живее во Канада, каде добил азил, а на новинарите на "Washington Post" им предал повеќе од 10 часа тајно снимени разговори со двајца Саудијци со кои се сретнал четири пати во мај во кафуле во Монтреал, бидејќи за него имале порака од крунскиот принц Мохамед бин Салман лично. 

Омар вели дека го вклучил снимањето на мобилниот и го сокрил во внатрешниот џеб од јакната, па седнал во кафуле да ги почека. Кога пристигнале, ги прашал зошто минале толкав пат до Канада, само за да го видат.

"Постојат две сценарија", му рекол едниот гласник кој за Абдулазиз зборувал во трето лице, иако седел покрај него. Според првото, тој се враќа во Саудиска Арбија со своите пријатели и семејството. Според другото, "Омар оди во затвор".

Кое сценарио ќе го избере Омар, го прашале тие.

За на Омар да му биде се јасно, двајцата гласници довеле и еден од неговите браќа. Абдулазиз го смирувал.

Тие десет часа разговор кои Омар ги снимил пружаат јасен увид во тоа како Саудиска Арабија се обидува да ги намами опозиционерите назад во кралството, ветувајќи им пари и безбедност. Посебно откако Мохамед бин Салман станал крунски принц, наведуваат групи за човекови права.

Неколку пријатели на Кашоги раскажале дека луѓето блиски до принцот го контактирале исчезнатиот новинар последните месеци. Му нуделе високи позиции во владата ако се врати во кралството, но тој не им верувал. Американски разузнавачи велат дека принцот наредил Кашоги да биде намамен да се врати од САД во Саудиска Арабија.

На Кашоги му се изгубила секаква трага откако влегол во саудискиот конзулат во Истанбул на 2. октомври за да добие потврда за венчање. Додека турските власти тврдат дека бил брутално убиен и распрачен, саудиските тврдат дека немаат информација за неговата судбина.

Абдулазиз вели дека со Кашоги работел на неколку проекти кои лесно можеле да бидат причина повеќе за саудиските власти да го елиминираат. Кашоги му пратил 5.000 долари за проект кој го нарекле "пчели". Станува збор за иницијатива за создавање на он-лајн армија во Саудиска Арабија која би ги предизвикала владините тролови. Идејата за пчелите била на Абдулазиз, но Кашоги бил воодушевен со неа. "Washington Post" додава дека е интересно што Кашоги во своите текстови, ботовите на саудиските власти ги нарекол "муви".

Оваа работа требало да биде тајна, но Абдулазиз вели дека летово била откриена од саудиски шпионски софтвер.

"Имаа се. Ги видоа пораките кои ги разменувавме. Ни ги прислушуваат повиците", истакнал Абдулазис.

На неговата снимка се слуша се слуша како двајцата гласници неколку пати повторуваат дека ги пратил крунскиот принц лично. Споменале и дека работат по наредба на Сауд ал Кахтани, главниот стратег на принцот. А Кашоги на пријателите неколку месеци пред исчезнувањето им рекол дека му се јавил Кахтани и дека го советувал да стави крај на својот доброволен егзил и да се врати во земјата.

"Саудиските ботови страшно го навредуваа Џамал. Му се пуштија на него како тој да е претставник на западните медиуми", вели Абдулазиз. Тој додава дека токму Кашоги го советувал никако да не прифати да се врати во земјата.

Ми кажа: "Ако сакаш да ги земеш парите кои ти ги даваат, тоа е твоја работа. Но, не оди назад со нив, не им верувај", вели Абдулазиз. И токму еден од гласниците на принцот му рекол на Абдулазиз дека Кашоги е "главоболка", но дека размислува да се врати во Саудиска Арабија, а дека треба и Омар да го направи истото.

"Омар, не сакавме некој министер или амбасадор да се договара со тебе. Сакавме тоа да биде врвот на пирамидата, принцот. Никој не ги решава овие работи подобро од принцот лично", рекол еден од нив. Му велите пари кога ќе се врати во Саудиска Арабија, но не му паднало на памет да се враќа.

"За да ме убедат да се вратам, го доведоа и мојот брат", вели Абдулазиз. Љубезно ја одбил понудата и гласниците се вратиле дома без него.

Абдулазиз го замолил "Washington Post" да не ги открива идентитетите не неговите посетители, но сепак уследила одмазда. На почетокот на август неговите двајца браќа биле уапсени во Саудиска Арабија заедно со група нивни пријатели. Поради тоа контактирал со еден од гласниците, а овој му рекол дека уапсените на социјалните мрежи многу зборувале за неговите профили.

"Ми го хакираа телефонот и ги затворија моите браќа, ги киднапирале и можеби ги убиле моите пријатели. Сега нема да застанам", порачал Абдулазиз.




Спонзорирани линкови

Маркетинг