Откриена е жената која ја глумеше голата Меланија: "Ми се закануваат дека ќе ме силуваат"

Точка

19/10/2018

18:15

9.065

Големина на фонт

а а а

Неколку дена откако раперот Ти Ај го објави видео спотот со "голата Меланија Трамп" кој подигна голема прашина, сега откриена е жената која ја глумеше првата дама на САД.

Имено, нејзиното име е Мелани Марден, а исто како и Меланија, ниту таа не е родена во Америка. Додека Меланија е Словенка, Мелани е Канаѓанка. 

"Бог да ја благослови Америка...И Русија...И Трамп", порача Мелани во видеото кое го сними откако спотот на Ти Ај го обиколи светот.

##https://twitter.com/Tip/status/1050912269553594368##

"Да, бев гола, но сум била и претходно", рекла имитирајќи го нагласокот на Меланија. Открила дека примила грозни закани поради видеото.

"Некој ми порача дека ќе ме удри со автомобилот, некој дека ќе ме нападне со палка за бејзбол, а има и такви кои ќе сакаат да ме силуваат и убијат", рекла таа.

Додала дека видеото не го снимила поради свои политички ставови.

"Беше тоа можност да излезам од својата комфортна зона и ја глумам првата дама, гола, нешто што никогаш го немам направено", рекла таа.

На прашањето дали мисли дека видеото е навредливо, одговори дека самиот Трамп е насилник.

"Да ја навредував и понижував тоа би било една работа, но мислам дека не го направив тоа. Не мислев ништо лошо, јас сум Канаѓанка, пријателка од северот", рекла таа.

Ти Ај во спотот се појавува како припадник на обезбедувањето и гледа како Трамп ја напушта Белата куќа со хеликоптер, а потоа се појавува во Овалната кацеларија со жена налик на Меланија Трамп. Жената е облечена само во јакна со натписот "I Really Don't Care, Do You?".


Потоа ја соблекува јакната и гола седнува на работната маса, на која веќе седи Ти Ај, а потоа уништуваат сè во Белата куќа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг