Оваа руска закана го замрзнала Израел: Немојте да праќате авиони во Сирија, да не завршат вака

Точка

19/10/2018

21:56

11.777

Големина на фонт

а а а

Советникот на рускиот Конзорциум за радиоелектронска технологија објаснува како одбранбените способности на Дамаск ќе бидат засилени по инцидентот со рускиот авион "Il-20" во Сирија, кој, според официјалната приказна, бил соборен од страна на Сирија, но всушност за тоа е виновен Израел.

Според ова, Израел повеќе никогаш нема да може да нападне сириски воени средства од воздух. Русија се обврзала да и помогне на Сирија во тоа. Ја користат својата напредна технологија за попречување на комуникации, вклучувајќи EMP, која го надминува тоа што се користи во арсеналот на НАТО, за да ги "изолира" израелските авиони во воздухот, и исто така ќе ги елиминира капацитетите за следење кај израелските ракети и бомби. 

На 17. септември, S-200 ракета од сирискиот систем за воздушна одбрана наводно го соборила рускиот авион "Il-20", кој се враќал во базата Хмеимим. Соборувањето се случило кога четири израелски ловци F-16 напаѓале сириски објекти во Латакија.

Според зборовите на руското Министерство за одбрана, израелските пилоти го користеле рускиот авион како штит, оставајќи го подложен на огнот од сирискиот противракетен систем. Инцидентот резултирал со смрт на 15 руски воени лица. Руското Министерство за одбрана изјавило дека израелската страна не предупредила за планираната операција во Сирија и дека одговорноста за рушењето на авионот е во целост на Тел Авив.

Во врска со тоа, Москва донела одлука на Дамаск да му обезбеди противавионски системи за одбрана, за да го заштити сирискиот воздушен простор и да осигури безбедност на рускиот воен персонал кој служи во таа арапска држава. Русија веќе испорачала неколку S-300 системи за воздушна одбрана и единица за електронски контрамерки во Сирија.

Потврдено е дека оваа опрема е веќе распоредена во Сирија. Тоа се системи против дронови и против високо прецизно вооружување.

Владимир Макејев, заменик генерален директор на руската компанија, Конзорциум за радиоелектронска технологија, за руското издание на "Army Standard" изјавил дека оваа опрема само ќе ги зголеми одбранбените способности на земјата. Специјалистот рекол дека оваа опрема се користи за собирање на информации, но дека, од сега, единиците ќе бидат во состојба на приправност. "Така, нема да биде можно, како претходно, да се лета во тоа подрачје целосно неказнето и да се бомбардира", рекол тој.

Конкретно, тој предупредил дека електронското војување значи дека ќе се неутрализираат активностите на авионите, бомбите и ракетите. Советникот прецизирал дека Русија во Сирија сега создава систем сличен на оној кој постоел во СССР: Сите знаеле дека никој освен Советскиот Сојуз немал слична противавионска одбрана, која вклучувала радар за сите висини, ракетен систем од долг дострел и заштита на сопствените системи.

Кога системите за воздушна одбрана стануваат активни, тие ќе може да откријат непријателски авиони кога ќе почнат да се движат на пистата. Покрај тоа, новата опрема може да ја одреди способноста на авионот. Ако целите на авионот изгледаат злонамерно, ќе бидат преземени електронски акции. Тоа значи дека осомничените авиони ќе ја изгубат комуникацијата и навигацијата и нема да можат да пренесуваат податоци до својата база на земјата или до друг авион.

Ако авионот, дури и "слеп", продолжи со летот, одбранбените системи ќе пратат сигнал да го идентификуваат како "пријател или непријател". Во случај авионот да биде означен како непријател, пилотот ќе добие предупредување дека е на нишан. Под претпоставка дека авионот влегува во забранета област и покрај сите предупредувања, неговите контролни системи ќе бидат блокирани. На крајот, ако заканувачкото однесување продолжи, војската може да употреби оружје против овој авион, заклучил експертот. Вака работат класичните противавионски системи за одбрана, кои имаат значително подобри можности од автономните мобилни системи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг