Почнаа контроверзиите: Припадник на саудискиот тим кој е осомничен за убиството на новинарот, загина во автомобилска несреќа!

Точка

19/10/2018

13:09

4.114

Големина на фонт

а а а

Како што пренесуваат турските медиуми, припадник на саудискиот тим кој што е осомничен за убиството на Џамал Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул, загинал во сообраќајна несреќа во Саудиска Арабија.

Еден од припадниците на тимот составен од 15 Саудијци за кои што се тврди дека стојат зад ликвидацијата на новинарот Џамал Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул, синоќа загинал во автомобилска несреќа во Саудиска Арабија.

Станува збор за 31-годишниот Мешал Саад Ал-Бостани, а воопшто не треба да се напоменува дека несреќата е крајно сомнителна – посебно затоа што турските медиуми веќе и најавија дека наводните сведоци или сторителите на убиството, можнно е наскоро да започнат „мистериозно да исчезнуваат“.


Доколку овие информации кои што први ги објавија од турскиот весник „Јени Сафак“ , од каде што инаку и први ја пренесоа веста за случајот на Кашоги, се покажат како точни, ова би можело да биде уште еден потег кој всушност на некој начин ќе ја потврди вмешаноста на Саудијците во убиството на новинарот.

Да потсетиме, загинатиот Ал-Бостани бил снимен на 2-ри октомври, непосредно после исчезнувањето на Кашоги, како ја напушта Турција преку истанбулскиот аеродром „Ататурк“.


Тој и уште 14 други саудиски државјани пристигнале во Турција заедно, а потоа и ја напуштиле државата во ист ден, на 2-ри октомври.



Спонзорирани линкови

Маркетинг