Мурињо горд на играчот кој го понижуваше цели две години: Еден негов квалитет ме фасцинира!

Дерби

18/10/2018

20:03

2.303

Големина на фонт

а а а

Лук Шо цели две години се мачеше под водство на Жозе Мурињо и цврсто ги поднесуваше сите жестоки, а на моменти и понижувачки коментари кои ги добиваше од португалскиот стручњак, но сега ги дочека своите златни „пет минути“ во Манчестер Јунајтед и на почетокот на сезоната е убедливо најдобриот и најконстантен играч во составот од „Олд Трафорд“.

Порадни огромниот труд и неизмерната верба во себе и своите квалитети, клубот денеска одлучи да го награди Лук Шо со нов четиригодишен договор, според кој левиот бек ќе заработува импресивни 195 илјади фунти на неделно ниво.

Жозе Мурињо беше дел од промоцијата на која Шо го поптиша четиригодишниот договор, во кој стои и клаузула за дополнително продолжување на плус 12 месеци.

– Лук максимално го заслужува овој договор. Тој сфати дека мора да мине низ процес на развивање, работеше многу напорно во секој поглед и секогаш веруваше во себе, тоа е квалитет кој посебно ми се допаѓа и ме фасцинира. Тој е уште многу млад и може дополнително да напредува. Горд сум на него и на тоа што го направи во изминативе години. Пресреќен сум што задржуваме во тимот толку талентиран англиски играч со блескава иднина, – истакна Мурињо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг