Се преврте камион полн со овци, возачот и сопатникот згрижени во гостиварската болница

Макфакс

18/10/2018

19:33

1.440

Големина на фонт

а а а

Денеска во попладневните часови на магистралниот патен правец Кичево-Гостивар во непосредна близина на мавровската крстосница се случи собраќајна несреќа во кој со полесни повреди се здобиле две лица.

Имено, како што инфрмираа д СВР Гостивар, во несреќата со повреди се здобил 38 годишниот возач на камион-влекач со битолски регистерски таблички, кој бил од село Новаци, битолско, како и негвит сопатник од Битола.

Камионот кој превезувал овци, излетал од коловозот а приколката во која биле сместени овците се превртела. Двете повредени лица се веднаш згрижени во гостиварската болница, додаваат од СВР Гостивар.

Во несреќата настрадале 68 овци, а 29 се повредени, информираа од полицијата и посочија дека веднаш по несреќата била повикана и ветеринарна служба за згрижување на повредените животни.

Од СВР Гостивар велат станува збор за несекојдневна сообраќајна несреќа, и додаваат дека по овластување на Јавен обвинител тие веднаш излегле на местото на несреќата да извршат увид, но засегаа не се знае точната причина поради која дошло до превртување на возилото.

Сообраќајот како што инфрмираа од полицијата во овој момент е нормализиран.



Спонзорирани линкови

Маркетинг