Окон: Остин е одлична патека за борба

КРУГ.МК

18/10/2018

18:03

1.001

Големина на фонт

а а а

Иако се уште нема најдено возачко место за наредната сезона и веројатно догодина нема да вози во врвот на моторспортот, Естебан Окон се надевам дека ќе го повтори 6то место кое го освои минатата година на трката во Америка.

Со четири пласмани во поени на последните пет трки, две шести места во Белгија и Италија и две 9ти места во Русија и Јапонија, Окон смета дека го има моментумот за да продолжи со борбата на патеката во Остин.

„Остин е фантастична патека и е како комбинација од повеќе патеки. Првиот сектор наликува на Сузука, а ме потсетува на Мексико која е добра за борба со брзи свиоци и шанси за престасување. Првиот свиок е на лево и од крајот има добри шанси“, анализира Окон.

Французинот го сака првиот технички сектор и со добра стартна позиција и подесување на болидот може да постигне добро време.

„Првиот сектор ми е омилен. Многу е брз и техничк,и а за да бидеш побрз во свиоците треба добра позиција за да не губиш време. Забавен е и тежок да го погодиш. Подесувањето на болидот е предизвик. Ти треба болид на кој му веруваш во брзите свиоци и добар болид за во спорите делови што е тежок компромис.

Тоа што го прави викендот посебен е самиот град. Тоа е прекрасно место со многу места со жива музика. Има младешки дух. Би сакал да останам подолго пред да одам во Мексико. Има многу што да се направи и мината година бев да јадам американски стек. Како дете ми беше сон да одам во Америка и не го направив тоа до 2016 година кога ја имав првата трка во Остин“, објаси Естебан.

Окон во моментов е на 11та позиција кај возачите со 4 поени заостанување пред неговиот колега Серхио Перез кој е на делба на 7та позиција. Иако ги изгуби сите поени пред Белгија, Форс Индија сега има шанса да биде на шеста позиција пред Мекларен кој има 15 поени предност.



Спонзорирани линкови

Маркетинг