Турска полиција: Овие 5 Саудијци се поврзани со убиството на Кашоги

Точка

18/10/2018

20:51

4.469

Големина на фонт

а а а

Турската полиција идентификувала пет лица осомничени за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, а четворица се поврзани директно со саудискиот крунски принц Мохамед бин Салман, објавил "Daily Sabah" повикувајќи се на извештаите на американските медиуми.

Еден од осомничените е полковник Махер Абдулазиз Мутреб, кој има блиски врски со саудискиот принц, како што покажуваат фотографиите на кои се гледа со принцот во Мадрид и Париз, пишува "New York Times". 

Тој бил виден со принцот Мохамед и за време на посетата на САД и Велика Британија.

##https://twitter.com/AZChiweenerPop/status/1052702468482551808##

Втор осомничен е Абдулазиз Мохамед ал-Хавсави, наводно член на обезбедувањето на принцот Салман, чија положба ја обелоденил француски професионалец кој претходно работел со кралското семејство.

Тар Галеб ал-Барби, третиот осомничен, е високопозициониран кралски чувар, кој поради своите способности бил префрлен во касарна во Џеди, известиле саудиските медиуми.

Четвртиот осомничен е Мохамед Саад Алзахрани, кој патувал со пасош на име на друг член на обезбедувањето на кралското семејство. Тој на снимките бил прикажан со ознака на која пишува друго име.

Последниот осомничен е доктор Салах ал-Тубајаги, шеф за форензички докази во Секретаријатот за општа безбедност во Саудиска Арабија, кој патувал во Истанбул како дел од саудиската експедиција и наводно го сечел Кашоги додека бил жив.

"New York Times" објавил дека турските власти идентификувале најмалку девет од 15 осомничени кои се поврзани со саудиските воени, владини или безбедносни служби.

##https://twitter.com/duckblo/status/1052575789902962688##

Во извештајот се наведува дека осомничените се префрлени со авион на приватна саудиска авио-компанија, која е директно поврзана со принцот и саудиското Министерство за внатрешни работи.

Турски службеник за "New York Times" изјавил дека Кашоги бил дрогиран, убиен и дека неговото тело било распрачено на 2. октомври во саудискиот конзулат во Истанбул.



Спонзорирани линкови

Маркетинг