Човекот не е во состојба ниту да го замисли она што природата може да го создаде

Точка

18/10/2018

16:02

7.872

Големина на фонт

а а а

Островот Лејди Елиот е најјужниот корален гребен на Големиот корален гребен, најголемиот на целата наша планета кој се наоѓа во Коралното море, во близина на Квинсленд на североистокот на Австралија.

Целиот гребен се протега на должина од 2.300 километри и површина од околу 344.400 квадратни километри и опфаќа 900 острови и 3.000 гребени, помеѓу кои и горе наведениот. 


Се наоѓа во така наречената Зелена зона, највисоката можна класификација на гребени и зазема површина од околу 45 хектари, но тоа се сите сувопарни информации кои просто не се совпаѓаат со оваа фотографија снимена пред 6 години на таа исклучително популарна дестинација за нуркање.


Не знаеме што повеќе би кажале со оглед на тоа дека излишни се сите зборови кога човекот ќе застане пред најголемото уметничко дело од сите уметници, пред Природата и ќе остане вчудоневиден. Единствениот уметник со најголемо "у". 




Спонзорирани линкови

Маркетинг