Крвав пир на Крим: 15 минути одел низ училиштето и убивал: Откриени нови, страшни детали од животот на тинејџерот

Точка

18/10/2018

19:13

5.400

Големина на фонт

а а а

Бројот на жртви во вчерашниот напад на колеџот во Керч на Крим пораснал на 20, соопштила министерката за здравство на Русија, Вероника Скворцова.

"Загинале 20 лица, меѓу кои 15 студенти и пет вработени на факултетот. Од 15 настрадани студени, 11 биле малолетни", рекла Скворцова, пренесува "TAS S". 

Министерката навела дека биле хоспитализирани 44 луѓе и дека се здобиле со различен степен на повреди.

Локалниот службеник Дилјавер Мелгазијев изјавил за "TAS S" дека сите жртви се идентификувани.

Иницијалните информации укажувале дека станува збор за експлозија на плинска боца внатре во зградата, но набрзо станало јасно дека се случува нешо многу полошо.

"Полицијата соопшти дека неидентификувана експлозивна направа била активирана во кантината на првиот кат од зградата. Форензички тимови заедно со експерти од Федералната служба за безбедност излегле на терен за да спречат понатамошни експлозии, откако службениците се посомневале дека станува збор за терористички напад", пишува "Russia Today".

Нешто подоцна се воспоставило дека се работи за повеќекратно убиство.

"Внатре во зградата луѓето слушнале пукање. Некои опишувале дека виделе луѓе со фантомки дека влегуваат во зградата, вооружени со пушки...Всушност, станува за едно лице одговорно за пукањето, но во паника и конфузија луѓето виделе повеќе од еден убиец", додава "Russia Today".

Како што се наведува, очевидците на социјалните мрежи ги опишувале ужасните детали. Еден од студентите рекол дека пукањето траело најмалку 15 минути.

"Слушнавме експлозија и пукање, почнавме да скокаме низ прозори. Тела на деца имаше насекаде околу нас", се наведува.

Како извршител на нападот бил идентификуван студентот Владислав Рослјаков. 18-годишниот Рослјаков минал низ зградата на колеџот пукајќи на студентите пред да се самоубие. Во меѓувреме, се појавила и фотографија од убиецот.

"Фотографијата укажувала на момче кое носи бела маица со црн натпис и држи голема пушка, одејќи по скалите. На Твитер веднаш почнале споредби со Ерик Херис, кој пред 20 години во Колорадо убил 13 и ранил 24 лица", се додава.

18-годишното момче по крвавиот пир извршило самоубиство, а подоцна медиумите пренеле дека на 8. септември добиле дозвола за поседување на пушка.

"Купил 150 рамки со муниција само неколку дена пред да го изврши масакрот. Се појавиле и детали за неговиот карактер, наведено е дека бил тивок, ненаметлив, не премногу комуникативен и заинтересиран за масовни убијци. Неговите родители неодамна се развеле, а со својата мајка живеел во стан под кирија. Мајката на убиецот, Галина Рослјакова е медицинска сестра која се наоѓала на работа во болницата во која биле носени лицата кои Владислав застрелал", заклучува "Russia Today".

Властите соопштиле дека случајот го водат како масовно убиство, а не тероризам, како што претходно било објавено.

Рускиот истражен комитет наведува дека сите убиени во нападот страдале од прострелни рани, иако претходно имало информации дека се случила експлозија на бомба од рачно производство.

На Крим е прогласена тридневна жалост.



Спонзорирани линкови

Маркетинг