Брестовац: Со душа ја чекаме паузата, но на добар пат сме!

Дерби

18/10/2018

14:37

863

Големина на фонт

а а а

Металург беше минимално поразен од Железничар во последниот дуел од СЕХА лигата (29:30), но на прес конференцијата потоа провејаа оптимистички тонови.

Шефот на стручниот штаб, Данило Брестовац, посочи дека на младиот тим му се потребни две до три години за созревање.

– Честитки за заслужената победа на Железничар. Ние имавме многу технички грешки, немавме ниту напад, ниту одбрана, а немавме ни брза топка, се вкупно не игравме убав ракомет. Во нашата игра има многу осцилации и големи падови. Тешко е, но мораме да се бориме и мораме да работиме. Едвај ја чекам репрезентативната пауза, уморни сме,- посочи Брестовац.

Според него ситуацијата наскоро би требало да се подобри со проширување на ростерот.

– Ни недостасуваат и неколку играчи за да имаме квалитетна ротација. Шпенде ќе ни се приклучи од следниот меч и би требало да бидеме подобри на левата бековска позиција. Во моментов не можам да си дозволам луксуз, имам во тимот премлади играчи и морам да пазам кого и кога го пуштам на терен. Внимавам, затоа што децата ми се најважни. Треба време, но мислам дека со оваа млада екипа сме на добар пат. За две до три години Металург би имал многу добра екипа. Со поддршка на сите, ќе можеме да го стигнеме посакуваното ниво,- најави Брестовац.

Младиот Мартин Серафимов кој игра на позиција десен бек укажа и на пропустите во одбраната.

– Се што кажа тренерот е на место. Како еден од помладите играчи, се обидувам да му помогнам на својот тим. За мечот, ќе кажам дека моравме да одиграме подобра одбрана. Полуконтрата ни функционираше, таа не врати во мечот. Но, има уште многу работа, доаѓа ЕХФ-неделата. Добро ќе ни дојде одморот, - потврди Серафимов.



Спонзорирани линкови

Маркетинг