Ги убил соучениците и професорите поради кавга со девојка?: Испливаа детали за убиецот од Крим, бил отфрлен поради сиромаштија

Точка

18/10/2018

15:26

2.821

Големина на фонт

а а а

18-годишниот Владислав Рослјаков кој уби 21 лице на факултет во Крим, а потоа изврши самоубиство, пред еден месец ги поминал сите медицински прегледи, вклучувајќи ги и психијатриските, и добил дозвола за поседување оружје.

Набрзо купил пушка со калибар 12, а неколку дена пред масакрот тој бил снимен како купува голема количина на муниција. 

Рослјаков "израснал во прилично сиромашно семејство". Неговите родители неодамна се развеле, а тој живеел со својата мајка која е инаку медицинска сестра. Наводно, таа била припадничка на заедницата на Јеховини сведоци кои се забранети во Русија бидејќи се сметаат за "екстремистичка организација".

Некои негови соученици изјавиле дека тој бил некомуникативен и мирен, додека други рекле дека Владислав бил опседнат со убиства и сериски и масовни убијци. Според зборовите на некои од нив, 18-годишното момче неодамна се искарало со неговата девојка, со која бил виден неколку денови пред нападот.

"Влад во понеделникот не беше на училиште, можеби се искарал со својата девојка? Бил толку вознемирен што пропуштил еден ден, а потоа одлучи да го казни целиот свет поради неговиот неуспех со девојката?", изјавил еден од неговите соученици.


Според друга верзија, Рослјаков бил отфрлен поради "понижувачката сиромаштија" во неговото семејство и неговата "сиромашна облека".

Властите прегледуваат што тој објавил на социјалните мрежи, но тоа не е лесно бидејќи неговиот профил е заклучен и само неговите пријатели, кои не се во голем број, можат да ги видат објавите на Владислав.



Спонзорирани линкови

Маркетинг