Шокантно откритие на весникот "Sabah": Главниот разузнавач на саудискиот крунски принц влегол во конзулатот во Истанбул четири часа пред новинарот Кашоги

Точка

18/10/2018

14:09

4.830

Големина на фонт

а а а

Турскиот весник "Sabah" објавил видео-снимка од маж кој патувал со саудискиот принц Мухамед бин Салман во САД, како влегува во саудискиот конзулат во Истанбул непосредно пред доаѓањето на исчезнатиот новинар Џамал Кашоги на 2. октомври.

"Sabah" пишува дека станува збор за полковникот Махер Абдулазиз Мутреб, а "New York Times" коментира дека Мутреб служел како дипломат во саудиската амбасада во Лондон, а дека во последно време го следел саудискиот крунски принц. "Sabah" Пишува дека Мутреб на 2. октомври влегол во саудискиот конзулат во Истанбул во 9:55 часот на 2. октомври, неколку часа пред да дојде Џамал Кашоги. 

За разлика од Кашоги, кој никогаш не излегол, Мутреб на пладне излегол од конзулатот, отишол во хотел, и во 17:15 часот го напуштил со голем багаж.

Мутреб бил виден и на фотографии кои ги објавиле репортери на "Houston Chroncile", а кои датираат од април оваа година.

Агенцијата "AP" се обидела кај саудиските власти да го потврди идентитетот на Мутреб, но Ријад веќе со денови ги игнорира барањата за коментар од таа агенција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг