Објавена последната колумна на исчезнатиот саудиски новинар

Макфакс

18/10/2018

10:28

1.112

Големина на фонт

а а а

„Вашингтон пост“ ја објави последната колумна на исчезнатиот саудиски новинар Џамал Кашоги. Уредничката Карен Атија објасни дека чекала со објавувањето, бидејќи досега мислела дека новинарот ќе им се јави, пишува Си-ен-ен.

„Морам да прифатам дека тој никогаш нема да се врати кај нас, и ова е неговиот последен напис што го уредувам. Оваа колумна совршено ја опишува неговата посветеност на борбата за слободата на арапскиот свет. За таа слобода, очигледно, го даде и својот живот”, напиша уредничката на „Вашингтон пост“, Карен Атија.

Во последната колумна, Џамал Кашоги зборува за недостатокот на слобода на говорот и медиумите во арапскиот свет. Исто така, тој предупредува дека „арапскиот свет се соочува со сопствена верзија на Железната завеса, која не ја наметнаа надворешните фактори, туку внатрешната борба за моќ и моќ”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг