Турските власти ја претресле резиденцијата на саудискиот конзул, а Трамп повикал да се објават снимките од наводното мачење на Кашоги

Точка

18/10/2018

09:37

3.022

Големина на фонт

а а а

Турските власти веруваат дека новинарот бил убиен во конзулатот, додека официјален Ријад ги демантира таквите обвиненија.

Турските инспектори извршиле претрес на резиденцијата на саудискиот конзул во Истанбул, во рамките на истрагата за исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги. 

"Reuters" наведува дека вчера претресот траел речиси девет часа, по што тимот од инспектори ја напуштил резиденцијата.

Засега нема информации за тоа дали и што пронашле турските инспектори.

Истовремено, друг тим повторно го пребарал саудискиот конзулат во Истанбул, каде Кашоги последен пат бил виден на 2. октомври.

Турските власти веруваат дека новинарот бил убиен во конзулатот, додека официјален Ријад ги демантира таквите обвиненија.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјавил дека САД бараат од Турција аудио и видео снимки поврзани со исчезнатиот саудиски новинар Џамал Кашоги "ако воопшто постојат".

Истовремено, Трамп ја нарекол Саудиска Арабија важен сојузник, истакнувајќи дека таа земја е значаен купец на американскиот воен извоз, пренесува "AP".

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во средата изјавил дека САД многу сериозно го доживуваат исчезнувањето на саудискиот новинар.

По средбата со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, Помпео пренел дека Ердоган му рекол дека Саудијците соработувале во истрагата и дека ќе разменат информации.

Помпео истакнал дека САД и Саудиска Арабија имаат важни врски, вклучувајќи го и спротивставувањето на Иран.




Спонзорирани линкови

Маркетинг