"Слушале музика за да не ги слушаат неговите врисоци"! Турците тврдат дека саудиските убијци го касапале новинарот додека бил жив

Точка

17/10/2018

16:58

9.116

Големина на фонт

а а а

Турскиот провладин весник "Јени Сафак" објавил денес страшни детали од аудио снимките од убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул, кои покажуваат дека бил мачен.

Новините пишуваат дека на снимката се слушаат зборовите на саудискиот генерален конзул пратени до луѓето кои го мачеле Кашоги, кој барал од нив тоа да го прават надвор и да не му прават проблеми, пренесува "AP". 

Како што се наведува, еден од мачителите повторувал: "Молчи, ако сакаш да живееш кога ќе се вратиш во Саудиска Арабија".

И британски "Daily mail", повикувајќи се на неименувани турски извори, пишува за тоа дека новинарот бил мачен и дека бил искасапен додека бил жив.

Неговото убивање траело седум минути, наведува анонимен избор кој тврди дека ја слушнал аудио снимката од последните моменти од животот на Кашоги, забележана на неговиот "Apple" часовник кратко откако влегол во конзулатот на втори октомври.

На снимката се слуша како од канцеларијата на генералниот го одвеле во соседната просторија, каде хируршки го исекле, пишува "Daily Mail", повикувајќи се на "Middle East Eye".

Наводно се слушаат и неговите врисоци, пред да му дадат некоја инекција, по што замолчел.

"Немало обид да го испрашаат. Дошле да го убијат", рекол изворот.

Изворот исто така тврдел дека сведоците долу ги слушнале врисоците на Кашоги додека бил сечен, и дека убијците од Саудиска Арабија ставиле слушалки на уши додека го убивале.

Еден од 15-те мажи од Саудиска Арабија, кои се опишани како припадници на убиствена единица, бил идентификуван како "форензичкиот експерт" Салах Мухамед ал-Тубаиги.

Изворот рекол дека тој им рекол на другите убијци: "Кога го правам ова, слушам музика. И вие треба да го правите истото".

Саудиските службеници не одговороиле на повикот на агенциите да го прокоментираат случајот, а кралството претходно ги негирало обвиненијата дека Кашоги е убиен.

Безбедносните служби во Турција ги користат провладините медиуми за во јавноста да пуштаат детали за случајот Кашоги, со што се засилува притисокот на Саудиска Арабија.

Во меѓувреме, Турција пратила барање и чека одобрение од Саудиска Арабија да ја пребара куќата на саудискиот конзул во Истанбул како дел од истрагата за исчезнувањето на саудискиот новинар.

Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, изјавил за државната агенција дека Саудиска Арабија го прифатила барањето за претрага на официјалната резиденција, но дека уште не добиле конечна согласност.

"Кога Саудиска Арабија ќе даде согласност, ќе бидат преземени чекори во истрагата", рекол Сојлу.

Кашоги исчезнал на 2. октомври, а последен пат бил виден како влегува во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.

Турски форензички тим на почетокот на неделата ја пребарал зградата на конзулатот каде Кашоги бил виден последен пат, и како што навеле, пронашле повеќе докази кои укажуваат на тоа дека новинарот бил убиен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг