Белата куќа е згрозена од видеото во кое "голата Меланија" танцува пред раперот

Точка

17/10/2018

21:27

23.757

Големина на фонт

а а а

Раперот Tи-Ај го навреди Канје Вест и првата американска дама Меланија Трамп во видеоспотот во која жена налик неа изведува стриптиз во Овалната соба во Белата куќа.

"Како може ова да биде прифатливо", напишала Стефани Гришам, портпаролот на Меланија Трамп, на Твитер и повикала на бојкот на спотот. 

Меѓутоа, видеото е објавено во петокот, кога раперот го поставил на својот Твитер профил, а досега го прегледале 8,5 милиони луѓе.

Раперот во спотот се појавува во улога на обезбедување и набљудува како Доналд Трамп ја напушта Белата куќа со хеликоптер, а потоа се наоѓа со жена налик Меланија Трамп  во Овалната соба. Жената е облечена само во јакна каква што носеше првата дама во јуни, со натпис "I really don't care, do u?" (Мене не ми е гајле, а тебе?).

##https://twitter.com/Tip/status/1050912269553594368##

Жената во спотот ја соблекува јакната и седнува гола на работната маса на претседателот, а потоа заедно со Ти-Ај уништуваат се' низ Белата куќа. Со спотот, раперот го промовира својот нов албум "Dime Trap", но исто така и се пресметал со својот поранешен пријател Канје Вест, користејќи ја популарната снимка од средбата на Трамп и Вест во Белата куќа.

"Драг 45, јас не сум Канје", напишал Ти-Ај, алудирајќи на 45-тиот претседател на САД. Ден претходно, 38-годишниот рапер го осудил Вест:

"Се срамам што воопшто соработував со него", напишал тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг