Единствена Македонија до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Издржете, не им било лесно и на Делчев, Груев, Карев, Питу Гули, Кузман, Ченто

Макфакс

17/10/2018

12:56

1.210

Големина на фонт

а а а

Единствена Македонија силно верува дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги издржат силните притисоци за да гласаат за уставните измени со што се отвора патот за бришење на сè што е македонско, се наведува во нивното соопштение.

„Впрочем, можел Карев да не се нафати да биде претседател на Крушевската Rепублика, можел Питу Гули да не оди на Мечкин Камен, Кузман не морал да ги инспирира партизаните со ВМРО и iлинденците, можел и Ченто да си седи мирен и да ги слуша наредбите од Белград, Делчев и Груев можеле да бидат само учители а не идеолози и револуционери. Ама така ќе ја немаше Македонија“, сти во соопштението на Единствена Македонија.

Од партијата преку соопштението ги повикаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да издржат, во соопштението се додава дека можат да се закануваат, но не треба да се дозволи да го скршат духот. „Ако ни го убијат духот, ќе ни го убијат и името. Борбата не е лесна, но немаме друт пат“, се наведува во соопштението.



Спонзорирани линкови

Маркетинг