Министрите на Г-7 вознемирени поради исчезнувањето на Кашоги

Макфакс

17/10/2018

12:01

1.049

Големина на фонт

а а а

Министрите за надворешни работи на Г-7 посочија дека се многу вознемирени од исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги.

Во соопштението што беше потпишано од министрите од Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и САД се наведува дека одговорните мора да бидат изведени пред лицето на правдата.

Во соопштението исто така се вели дека тие ја поддржуваат турско-саудиската соработка и се надеваат на истрагата што ја започна саудискиот крал.

Во исто време, ЕУ ја потврди својата посветеност на одбраната и заштитата на слободата на изразувањето.

Кашоги исчезна минатата недела, а последен пат беше виден како влегуваат во саудискиот конзулат во Истанбул за да ги добие потребните документи за својата свадба.

Турските официјални лица изјавија дека имаат докази дека Кашоги бил убиен и распарчен во саудискиот конзулат во Истанбул, додека Саудиска Арабија ваквите наводи ги отфрли како неосновани тврдења.



Спонзорирани линкови

Маркетинг