Германски историчар: Меркел ги „поддржува терористите“

Макфакс

17/10/2018

11:19

2.030

Големина на фонт

а а а

Германската влада предводена од Ангел Меркел го следи принципот на двојни стандарди во својата надворешна политика, пишува германскиот историчар Гец Али за весникот „Берлинер цајтунг“.

Како што посочува тој, тие со години ги поддржуваат терористите во Сирија.

Кога сириската армија се обидува да заврши со терористите на исламската држава, Берлин вели дека „сè што Асад прави е погрешно”.

Меѓутоа, кога терористи киднапираат 150 сириски семејства, и тоа повеќето се жени и деца, портпаролот на Меркел, Штефан Зајбер, вели дека не може да каже ништо во врска со тоа прашање и едноставно молчи, вели историчарот.

Покрај тоа, кога станува збор за наводните злосторства на руските специјални служби во Европа, Берлин веднаш реагира многу остро и ги разгледува санкциите.

Исто така, кога Саудиска Арабија е осомничена за убиството на новинарот на „Вашингтон пост“, Џемал Кашоги, кој беше критичар на саудискиот режим, германската влада не излезе со иницијатива за воведување санкции кон Ријад, потенцира германскиот историчар Али.

„Кога станува збор за Саудиска Арабија, Владата се води само по економските интереси”, објаснува тој.

Во случајот со Сирија, канцеларката одбива да признае дека со својата лежерноста со години им пружа поддршка на терористите, вели германскиот историчар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг