13 годишно момче одлучи да ја повози девојката во новото BMW на родителите, реакцијата на бесната мајка хит на социјалните мрежи!

Точка

16/10/2018

21:08

7.479

Големина на фонт

а а а

Мајка од Тексас се прослави на социјалните мрежи откако го фатила својот 13 годишен син во новото BMW и го истепала со ремен.

Младиот Арон Камперо одлучи да се повози со својата девојка во новото BMW на своите родители, а неговата мајка одлучила да се погрижи тоа никогаш да не се повтори, па во потрага по побегнатиот син го понела со себе и ременот. 

Неговата сестра Лајза во тој момент снимала и потоа го објавила тоа на Твитер, а видеото беше прегледано речиси од повеќе од пола милиони луѓе.

##https://twitter.com/LilaaBites/status/1050843628585738240##

Лајза во текот на потрагата исто така објавила фотографија од ременот кој мајката го понела за да го истепа синот, а на снимката се гледа како мајката со својот автомобил го престигнува синот и вреска за да застане.

Откако ја послушал, бесно "измарширала" до автомобилот, ја отворила вратата и го удирала со ременот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг