За изложбата „100 години Требениште“, Владата ќе потроши 1,2 милиони денари

Макфакс

16/10/2018

19:05

1.403

Големина на фонт

а а а

Владата ќе потроши 1,2 милиони денари за реализација на меѓународната изложба „100 години Требениште“.

„Генералниот секретаријат на Владата е задолжен во рамки на предвидените средства потребни за Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија да обезбеди парични средства во износ од 1.200.000 денари во рамките на средствата обезбедени од државниот буџет за реализација на меѓународната изложба ‘100 години Требениште’“, соопшти Владата.

Од таму информираат дека по повод 100 години од првите истражувања на некрополата Требениште, кај Охрид, Археолошки музеј на Македонија, Национален археолошки институт со музеј -Софија и Народен музеј Белград во името на пријателските односи и соработката во областа на културно-историското наследство и научното истражување, ќе организираат три заеднички изложби, кои ќе се одржуваат последователно во Скопје, Софија и Белград. Изложбата ќе се одржи во периодот од 15 ноември до 15 мај 2019 година.

„Изложбите се посветени на промоција на заедничките европски вредности и европската интеграција на Западен Балкан, прогласена за главен приоритет на надворешната политика на трите држави – Република Македонија, Република Бугарија и Република Србија. Со изложбата ќе се претстави еден дел од богатото културно наследство на Република Македонија, кое се наоѓа во три држави пред пошироката јавност со што истата одблизу ќе биде запознаена со еден од најзначајните локалитети од Република Македонија“, велат од Владата.

Изложбата, се додава во соопштението, ќе биде несомнено најголемиот промотор на македонското културно археолошко наследство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг