Министрите денеска на седница на Владата ја прифатија информацијата за обезбедување деловен простор за отворање инфо-центар за евроатлантски интеграции. Целта е да се обезбеди простор за активен дијалог и дебата за евроатлантските интеграции.
„Проектот предвидува организирање на промотивни настани, дебати и други активности преку кои на граѓаните ќе им се доближи процесот на евроатлантските интеграции и ќе го зголеми нивното знаење за истиот“, соопштија од Владата.