Италија и Бугарија се најатрактивните локации за зимување

Точка

16/10/2018

17:51

4.100

Големина на фонт

а а а

Италија е најефтината земја во Европа за овогодинешното зимување со своите четири одмаралишта кои се наоѓаат во првите топ десет дестинации, пишува Телеграф.

Ако го разгледаме ценовникот во последните неколку години, Бугарија е на прво место во истражување на Post Office, со викенд патувања кои се двојно поефтини од алпските конкуренти. 


На највисоката позиција на оваа листа се наоѓа Италија со одмаралиштето Бардонекиа, а италијанските одмаралиша Сестриере, Ла Туиле и Червинија се иста така во топ десет европски дестинации за оваа зима. Интересно е да се истакне дека Крањска Гора во Словенија го зазема третото место. На четврто место е Вемдален во Шведска и австрискиот Раурис на петто место.


Инаку, истражувањето Post Office изврши проценка на трошоците поврзани за плаќање на употреба на ски стазите, жичарниците, изнајмување опрема и евентуално ски часови. Исто така, во цената е вклучено и користење на кантина. Истражувањето не ги зеде во предвид трошоците за сместување или летови, ниту квалитетот на одмаралиштата и нивните ски стази.


"Бугарија е позната како неизбежна дестинација за скијање, па малку е чудно што Италија оваа година е на прво место. Меѓутоа, одлично е да се погледне како од година во година расте бројката на заинтересирани туристи кога станува збор за зимувањето", рекол Крис Логан, генералниот директор на организацијата која го спроведе истражувањето.


Исто така, Post Office истражуваше и за трошоците во ски одмаралиштата ширум САД и установи дека Канада е значајно поефтина од САД со три дестинации (Банф, Тремблат и Вислер) кои чинат помалку од некои најпопуларни локации за зимување во Северна Америка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг