Се породи сестрата на Кејт Мидлтон: Пипа и нејзиниот сопруг станаа родители на преслаткото момче

Точка

16/10/2018

17:43

3.958

Големина на фонт

а а а

Пипа Мидлтон, сестрата на Кејт Мидлтон и нејзиниот сопруг Џејмс, станаа родители на момче. Пипа се породи во понеделникот во болницата Линдо Винг, во западен Лондон.

Медиумите вчера ја придружувале во болницата. Со неа бил и нејзиниот сопруг, кој носел две големи торби.  


Сестрата на војвотката од Кембриџ носела син капут, бели чевли и очила за сонце и имала широка насмевка кога излегувала од болницата.


Ноќевањето во таа болница чини 8.500 евра, а нејзината сестра, Кејт Мидлтон на тоа место се породила три пати.

Пипа и нејзиниот сопруг биле гости на венчавката на принцезата Јуџин, во петокот во Виндзор.


Нејзиниот трет роден син е во сродство со наследниците за британскиот престол.




Спонзорирани линкови

Маркетинг