Нивната романса е доказ дека животот ги пишува најлудите романи!

Точка

16/10/2018

17:25

4.897

Големина на фонт

а а а

Латино дивата Џенифер Лопез од минатата година е во среќна врска со бејзбол играчот Алекс Родригез.

Изгледа дека после трите пропаднати бракови, Џенифер Лопез конечно ја нашла својата среќа. Откако ја започнаа врската, пејачката и спортистот не се одделуваат и не кријат колку се заљубени еден во друг. 

Џенифер во една прилика во емисијата кај Елен Диџенерис открила како се запознале.


После ручекот во еден ресторан се сретнале на излезот. Џеј Ло поминала покрај Родригез го потапкала по рамото и му се јавила. После тоа започнале разговор и откако установиле дека и двајцата живеат во Лос Анџелес ја закажаа следната средба.

"Ни самата не знам зошто го потапкав по рамото, но така се запознавме", откри Џеј Ло.

Неодамна Алекс на својот профил на Инстаграм откри дека пред 20 години Џенифер му дала автограм на Алекс. Тогаш сигурно не ни сонувала дека токму тој ќе стане нејзината најголема љубов.

"Спомени од пред 20 години кога глобалната поп ѕвезда му потпиша фотографија на младиот бејзбол играч", напиша Алекс под фотографијата кој ја сочувал .





Спонзорирани линкови

Маркетинг