Адвокатот на Диего: Меси денеска ќе добие повик од Марадона

Дерби

16/10/2018

20:03

2.178

Големина на фонт

а а а

Последната изјава која ја даде Диего Армандо Марадона за Лионел Меси наиде на многу бурни реакции во јавноста, пред се поради тоа што легендарниот аргентински фудбалер го нападна својот сонародник за неговито однос пред натпреварите.

Неповторливиот Дон Диего доби доста критики од јавноста во Аргентина за тешките зборови кои ги употреби во ситуација кога се обиде да објасни зошто Меси никогаш нема да стане лидер, а за тоа доби одговор од легендарниот Алберто Кемпес кој застана во одбрана на Лео напаѓајќи го Марадона.

Цела оваа збрка доби голема популарност во Аргентина, а сега, како што најавува адвокатот на Марадона, истата ќе биде разрешена со повик од Диего до Меси.

– Марадона ќе му се јави на Меси за да му објасни што точно сакаше да каже. Диего е тажен, многу го повредија зборовите на Кемпес. Тој секогаш ја поддржува селекцијата. Сакаше да каже дека нема потреба повеќе да го полудуваат Меси, сосема спротивно од тоа што беше пренесено, – истакна адвокатот на Марадона, Матијас Морла.



Спонзорирани линкови

Маркетинг