Турскиот клуб го „удри по џебот“: Башакшехир со драконска казна за престапникот Арда Туран

Дерби

16/10/2018

19:01

2.240

Големина на фонт

а а а

Минатата недела топ тема во турската јавност беше скандалот кој го предизвика фудбалерот Арда Туран, членот на Башакшехир кој физички го нападнал познатиот пејач Беркај кој завршил во болница со скршен нос.

Сепак, инцидентот не остана само на ова, па веќе го видовме видеото на кое добро се гледа дека некогашниот најдобар играч на Турција влегува со пиштол во болницата, а во моменти кога судот во Истанбул поднесе неколку кривични пријави против него, денеска со свое соопштение излезе и Башакшехир.

Раководството на клубот донесе одлука да не го исклучи Арда од тимот, но искусниот офанзивен фудбалер ќе мора да плати драконски 370 илјади евра за лошата слика која ја остави врз Башакшехир.

– Откако предметот на Арда Туран е однесен во судовите на нашата земја, ние го задржавме нашето право да преземеме дополнителни одлуки и казнени мерки. Ја информираме јавноста дека Арда има обврска да плати 2,5 милиони лири, или 370 илјади евра. Додека судот е во потрага по правдата, Арда ќе продолжи во нашиот клуб со професионалните обврски, – стои во соопштението на Башакшехир кој во овој момент е второпласиран тим на табелата во турската Суперлига.



Спонзорирани линкови

Маркетинг