Турција донираше медицинска опрема на клиниката за гинекологија во Скопје

Макфакс

16/10/2018

16:18

1.133

Големина на фонт

а а а

Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) донираше медицинска опрема и обезбеди поправки на постоечката опрема во одделот за гинекологија и акушерство при клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје.

Координаторката на ТИКА во Скопје, Ајтекин Ајден заедно со градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу и директорот на болницата Башким Исмаили појдоа во обиколка на клиниката, поточно делот за хигиена и стерилизација, токму каде ТИКА донираше опрема.

Во рамки на проектот, ТИКА донираше пет машини за перење, три машини за сушење, 14 колички, индустриска пегла, омекнувачи за вода, мијалник, шкафчиња, маси и столови.

Ајден вели дека болницата очекува дека бројката на бебиња родени во 2018 да достигне 4.000, а ТИКА ќе продолжи со проектите во Македонија за подобрување на условите на новороденчињата и со тоа се надева дека смртноста кај бебињата ќе се намали.



Спонзорирани линкови

Маркетинг