Од славните дами во Холивуд, воглавно очекуваме драстични промени на фризурите и бојата на косата, бидејќи повеќето од нив се навикнати на тоа.
Но, за разлика од Кети Пери и Ријана, кои барем еднаш годишно нè изненадуваат со трансформација на фризурата, овие четири дами ја негуваат својата природна боја на коса и ги рушат наметнатите стандарди за убавина:
Црвенокосата актерка во интервју за „Refinery29“, истакнала дека не ја менува бојата на косата ниту за потребите на работата, туку по потреба носи перика, а единственото нешто на што понекогаш е подоготвена е драстично шишање.
„Се пашувам: зошто побогу на главата да ставам хемикалии кои ја горат косата? Мојата кратка коса пребрзо расте и многу често морам да ја шишам и фарбам. Фризерските салони за мене се понижување. Да седам таму со смеса на главата која изгледа ужасно, со часови да носам алуминиумска фолија на својата кратка коса и да изгледам смешно. Ужасно чувство“, изјавила Џејми во едно интервју и додала дека никогаш повеќе нема да ја фарба косата.
Оваа млада манекенка никогаш не ја променила бојата на косата, а нема воља да ја менува ниту должината. „Ако сакам брза промена, користам перика“, рекла Кендал.
Џулиен во едно интервју признала дека понекогаш ги бои седите влакна и тоа во својата природна бакарна боја, но напоменала дека често ги остава да ѝ надраснат.