Австралискиот премиер критикуван откако кажа дека Канбера е отворена за преместување на амбасадата во Ерусалим

Макфакс

16/10/2018

15:52

967

Големина на фонт

а а а

Австралискиот премиер, Скот Морисон, се соочи со жестока реакција од арапските земји откако неочекувано објави дека е отворен за признавање на Ерусалим како главен град на Израел и за преместување на австралиската амбасада таму, пренесува „Спутник“.

„Ортодоксноста што ја водеше оваа дебата во која проблемите како разгледување на прашањето за главниот град е табу тема – мислам дека треба да го смениме тоа. Ние само сме отворени за таква можност”, рече Морисон, додавајќи дека не е донесена одлука во врска со таков потег.

Ова тврдење предизвика дебати во Австралија и во странство бидејќи статусот на Ерусалим е еден од клучните камења на сопнување во палестинско-израелскиот мировен договор. Источниот дел на Ерусалим се смета дека бил анектиран од Израел во војната во 1967 година, но еврејската држава го смета целиот град за свој главен град. Потегот на Морисон беше пречекан со одобрување од Израел, а премиерот Нетанјаху му се заблагодари на Морисон.

Од друга страна, најавата ги загрижи арапските земји, а 13 нивни амбасадори во Австралија се собраа на итен состанок во Канбера. Според претставникот на Египет, Мохамед Каират, признавањето на Ерусалим како главен град на Израел може да му наштети на мировниот процес на Блискиот Исток.

И Палестинската мисија ја критикуваше најавата и ја нарече длабоко вознемирувачка. Оттаму се сомневаат дека Морисон се обидува да заработи политички поени кои сигурно ќе бидат помалку вредни од штетата за меѓународната положба на Австралија и за односите со арапските и мнозински муслиманските земји.



Спонзорирани линкови

Маркетинг