Хилари го бранела неверниот сопруг и го шокирала светот: Моника беше возрасна, знаела што прави

Точка

16/10/2018

20:12

6.419

Големина на фонт

а а а

Хилари Клинтон рекла дека аферата на нејзиниот сопруг со Моника Левински, додека била стажистка во Белата куќа, не било злоупотреба на моќ, затоа што 22-годишната девојка во тоа време била возрасна.

Исто така, навела дека Бил бил во право што не дал оставка во екот на скандалите, откако бил обвинет за лажење по повод аферата. 

На прашањето дали нејзиниот сопруг требало да отстапи, Хилари била одлучна: "Апсолутно не!".

"Дали тоа било злопупотреба на моќ?", ја прашал Тони Докупил од "CBS". "Не", јасно одговорила Клинтон.

Поранешната државна секретарка навела дека Левински била "возрасна" во тоа време, на што новинарот забележал дека некои луѓе веруваат дека американскиот претседател не може да има врска со стажистка, затоа што дисбалансот на моќта е преголем.

"Дозволете ми да Ве прашам ова: каде се истрагите против актуелниот службеник, против кого постојат бројни тврдења, кои тој ги демантира, отфрла и исмејува", возвратила Хилари.

"Бил беше под истрага и се беше утврдено", додала таа.

Тоа го изјавила по одбивањето на обвинението против својот сопруг, бидејќи неговите постапки не биле сексуално вознемирување како на Трамп или Каванах.

Бил и Хилари планираат да тргнат на заедничка турнеја, која би можела да предизвика прашања за обвиненијата против Бил и тврдењата за сексуално вознемирување во 1998. година.

Куќата во 1999. година гласала за кривично гонење на Клинтон поради попречување на истрагата за аферата. Сенатот го обвинил.

Сенаторката на демократите во Њујорк, Кристен Гилибранд, минатата година рекла дека поранешниот претседател требало да отстапи поради аферата. Бил Клинтон на почетокот на оваа година рекол дека не се согласува со Гилибранд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг