Рускиот астронаут открил што се случувало во "Сојуз" за време на хаваријата: Како да не згмечи бетонски блок! Спасувавме жива глава

Точка

16/10/2018

15:22

2.509

Големина на фонт

а а а

Рускиот космонаут Алексеј Овчинјин денес опишал што се почувствувал кога ракетата во која се наоѓал на пат кон Меѓународната вселенска станица доживеала хаварија, велејќи дека имал впечаток како на гради некој да му ставил армиран бетонски блок седум пати потежок од него.

Овчинјин, кој се катапултирал заедно со американскиот колега Ник Хејг, кога во четвртокот дошло до дефект на носачот на ракетата, навел дека, во моментот кога капсулата во која се наоѓал се враќала назад на Земјата, "немало време за да се биде загрижен". 

Во интервју за телевизијата "Росија-24", Овчинјин нагласил дека во текот на вежбите почувствувал голем притисок на градите, таканаречена Г-сила.

"Всушност немаше време за нервоза. Моравме да работиме. Моравме да изведеме низа акции кои екипажот мора да ги спроведе за да се подготви за итно слетување", објаснува тој.

На видео снимката од внатрешноста на капсулата се гледа како двајцата космонаути се тресат во моментот кога на ракетата "Сојуз" се случил дефект, а рацете и нозете неконтролирано им се движат во сите насоки. Може и да се слушне како Овчинјин вели: "Ова беше брз лет".

За Ник Хејг има само најдобри зборови: "Јуначки се држеше за време на целиот лет. Во сите фази беше сконцентриран, помагаше, одговараше на прашања од Земјата. Не видов страв на неговото лице. Секоја му чест, работеше како што треба...И наредниот пат би летал со него".

Ракетата била лансирана од космодромот Бајконур во Казахстан, а шест часа подоцна требало да пристигне во Меѓународната вселенска станица, но дошло до дефект на моторот неколку минути по лансирањето, поради што двајцата космонаути биле принудени да се катапултираат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг