Пит или Ариана: Кој го добил скапиот веренички прстен после раскинувањето?

Точка

16/10/2018

15:14

2.838

Големина на фонт

а а а

Веста за раскинувањето на Ариана Гранде и комичарот Пит Девидсон, вчера ја изненади јавноста, но новите информации откриваат дека парот веќе некое време не е заедно.

Како што наведува „TMZ“, уште пред една недела ја откажале свршувачката и прекинале, а Ариана веќе му го вратила вереничкиот прстен на Пит со кој ја запросил, после еденомесечната врска.

Но, иако останала без прстен со голем дијамант, чија вредност е проценета за вртоглави 100 илјади долари, таа го добила старателството на заедничкото милениче, прасенцето Пиги Смолз, што сигурно не му било лесно за прифаќање на Пит, кој веќе го тетовирал на торзото. Тоа што сè уште не е познато е тоа на кого му припаднал нивниот заеднички стан.

View this post on Instagram

just after she shit on my pillow ?

A post shared by Ariana Grande (@arianagrande) on

Парот, како причина за нивното раскинување го навел лошиот тајминг, како што пренесува „Daily Mail“, а наводно се разделиле во пријателски односи. Многумина сметаат дека причината за нивата разделба е недамнешната смрт на поранешното момче на Ариана, раперот Мек Милер, со кој раскинала непосредно пред да започне врска со Пит, но ниеден од нив тоа не го потврдил.

Да потсетиме, Пит и Ариана запичнале врска пред отприлика пет месеци, од кои четири биле верени, а за тој краток период тие еден на друг си посветиле неколку тетоважи, за кои сега, најверојатно, двајцата зажалиле.

View this post on Instagram

♡ ?

A post shared by Ariana Grande (@arianagrande) on



Спонзорирани линкови

Маркетинг