Ниту малку џентлменски: Трамп ја остави Меланија да ја врне дожд

Точка

16/10/2018

14:54

3.802

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно беше нападнат од Интернет екипата поради последната постапка. Имено, Меланија ја остави да накисне на дождот.

Фотографиите секако завршија на социјалните мрежи, односно Твитер, па никој не остана рамнодушен и веднаш започнаа со обвиненија на негова сметка. 

Според критиките, американскиот претседател ниту малку не се однесувал џентлменски кон првата дама на Америка. Додека даваше изјави за новинарите сосема заборави на сопругата.


Го држел чадорот и наместо да се заштити себе си и сопругата, Трамп очигледно несвесно ја остави Меланија да стои зад него на дождот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг