Откриени шокантни податоци: Бомбардирањето во текот на Втората светска војна било толку силно што ја оштетило и атмосферата

Точка

16/10/2018

15:26

3.647

Големина на фонт

а а а

Бомбардирањето во текот на Втората светска војна оставило неизбежна трага во градовите ширум светот, но и во сеќавањата на луѓето кои преживеале. Последните истражувања покажуваат дека најдеструктивното разорување во историјата оставило трага и на нашата атмосфера.

Во период кога долгорочниот мониторинг на околината станува се поважен, научниците преминуваат на историски бази на податоци за да пронајдат трагови за решавање на денешните научни загатки, пренесува "Business Insider". 

Еден таков скап податок претставува и единствениот запис на Земјината јоносфера – електрифицирано подрачје на горната атмосфера на нашата планета кое Истражувачката радио станица (Radio Research Station – RRS) внимателно го снимала од 1933 година па наваму во близина на британскиот град Слау.


Научниците на RRS ја надгледувале јоносферата која тогаш била од витално значење за далечинските радио комуникации. Јоносферата рефлектира краткобранов радиус и овозможува сигналот да се пренесува на голема оддалеченост. Тие забележале дека густината на јоносферата е исклучително променлива, па од таа причина поставиле станица за надгледување со цел да пронајдат обрасци на тие варијабилности.

Податоците кои ги забележала британската истражувачка станица довеле до откритие дека разорувањето за време на Втората светска војна оставило големи последици во нашата атмосфера. Оваа војна била сведок на експлозивните трки во наоружувањето која кулминирала во својата најекстремна форма - користење на атомски бомби.


Сепак, најдеструктивната енергија и понатаму доаѓа од конвенционалното оружје. Алијансата исфрлила повеќе од 2,75 милиони тони ТНТ, што е еквивалентно на 185 Хирошими.

Четиримоторниот бомбардер Ланкастер, кој можел да понесе 11 тони товар, испорачал повеќе бомби отколку било кој друг авион во Втората светска војна. Во бомбардирањето не страдале само одредени цели, туку цели градови. Британскиот RAF и американските воздухопловни сили фрлиле 42.500 тони висок експлозив само во Берлин, плус 26.000 тони запалливи бомби. Директните удари уништувале цели станбени блокови.

Податоците за промените во јоносферата кои ги собирала станицата се чуваат во Центарот за податоци за соларниот систем во Велика Британија, во лабораторијата Рутерфорд Еплтон. 


Со комбинирањето на податоци од 152-те најголеми случаи на бомбардирање, било можно да се утврди дека сите овие настани ја ослабнале јоносферата. Иако малку, сепак успеале. Оваа потполно неочекувана врска помеѓу собраните податоци од две очигледно одвоени дисциплини укажуваат на тоа дека одговорите можат да се најдат и на места каде тоа најмалку се очекува.



Спонзорирани линкови

Маркетинг