Мачна исповед на поранешна сопруга на шеик: Животот ми е во опасност! Мрачни сили ми работат зад грб, ќе исчезнам како новинарот Кашоги

Точка

16/10/2018

14:47

6.405

Големина на фонт

а а а

Поранешна сопруга на шеик, чија четири милиони фунти вредна вила во Лондон минатата година била проголтана од оган, стравува дека и самата ќе стане мета на саудиските власти како Џамал Кашоги, исчезнатиот новинар.

41-годишната Нивин ел Гамал, која била омажена за претседателот на авио-компанијата "Emirates Airlines", шеикот Ахмед бин Саид ал Мактум, со кој има 10-годишен син, се плаши дека ќе стане следниот Кашоги - саудискиот новинар на кој му се губи секаква трага откако на 2. октомври влегол во саудискиот конзулат во Истанбул, а турските власти тврдат дека имаат докази дека е убиен.

Ел Гамал изјавила за "Sun" дека е уверена дека "сили од сенка" стојат зад пожарот кој минатиот октомри ја проголтал нејзината куќа на имотот во Белгрејв во Лондон. Ни деталната истрага не успеала да ја утврди причината за пожарот, но Ел Гамал веднаш и рекла на полицијата дека тројца мажи се вртеле околу нејзината куќа пред пожарот, кој тешко оштетил четири ката од вилата. Станува збор за луксузно здание кое го дизајнирал архитектот сер Метју Вајат, а во кое некогаш живеел Јан Флеминг, автор за серијалот за Џејмс Бонд.

"Саудиската влада делува неказнето и верувам дека истото може да се каже и за ОАЕ. Се плашам дека ќе станам следен Кашоги", изјавил Нивин ел Гамал, чиј проанешен сопруг е владетел на Дубаи.

Шеикот Ахмед и Нивин се свршиле во 2006. година, а се запознале две години претходно во Дубаи. Шефот на "Emirates" и подарил 30.000 фунти како дел од свршувачката. Се венчале во тајност во 2007. година, но не им одело. Бракот почнал да се распаѓа кога објавила дека е бремена, а кога го родила синот Саиуд во април 2008. година во Лос Анџелес, шеикот се оженил со роднина. Одбил да го признае малиот Саид и дури по долгото судење и докажување на татковството, прифатил да плаќа 15.000 фунти месечно за алиментација.

"Секој би помислил дека имав живот од соништата, но животот ми е во опасност. Пожарот на мојот имот можеше да ме убие. Нема да ме замолчат", вели таа. За "Sun" раскажала дека забележала и дека некој ги оштетува и нејзините автомобили.

Загрижена, Нивин Ел Гамал во 2013. година пријавила престојувалиште во Велика Британија, а одобрено и било неограничено останување.

Нејзиниот поранешен сопруг, чие богатство се проценува на повеќе милијарди, тврди дека не стои зад заговорот против неа.

"Сите тие обвиненија се демантирани", рекол неговиот портпарол.




Спонзорирани линкови

Маркетинг