Потресна репортажа од градот кој го нарекуваат „Нафтената престолнина на светот“: Луѓето купуваат труло месо, а на улиците се шири неподнослива миризба

Точка

16/10/2018

15:47

2.918

Големина на фонт

а а а

Милиони жители на Венецуела во последните две години ја напуштија земјата бегајќи од хиперинфлацијата и економскиот колапс, иако станува збор за една од најбогатите со нафта земји на светот.

Недостатокот на храна, лекови и слични основни потребни средства за живот, годините на рецесија, хиперинфлацијата и недостатокот на електрична енергија ја турнаа оваа јужноамериканска земја на колена.

Многумина за тоа го вперуваат прстот во претседателот Николас Мадуро, односно неговата политика во комбинација со корупцијата и лошото управување со земјата.

Едно од подрачјата кои што се најмногу погодени од овие проблеми е Зулиа, регион познат како центарот на нафтената индустрија во Венецуела.


На многумина меѓународни новинари не им е дозволено да прават репортажи од Венецуела, но новинарот на британски „БиБиСи“, Владимир Хернандез е еден од ретките кои што успеаа во тоа. Според него, иако богатството со нафта може да се почувствува насекаде – под земјата, но и на самите брегови, тоа многу не им менува на луѓето таму кои што се чувствуваат безнадежно.

На пазарите тие купуваат сало и маст за да ги прехранат своите деца. Новинарот на „БиБиСи“ раскажува дека таму се продава и труло говедско месо околу кое се собираат муви, а смрдеата која што се шири низ улиците е неподнослива. Сепак, луѓето го купуваат тоа затоа што евтино, а и немаат друг избор.


„Има прекин на електричната енергија и до десет пати дневно, а тоа понекогаш трае и со часови. До следниот ден, се веќе е расипано“, изјавил еден од продавачите, додека луѓето протестираат на улиците извикувајќи „Сакаме електрична енергија“.

Кризата во Зулиа ги погоди сите жители, па дури и мртвите луѓе. Во мртовечниците се шири смрдеа затоа што телата трујат поради тоа што нема електрична енергија за ладилниците. Многу тела стојат таму со денови, а некои биле оставени и со месеци затоа што семејствата немаат пари да ги погребаат починатите луѓе.




Спонзорирани линкови

Маркетинг