Сакал да се фали со своето богатство, па полицијата му пристигнала на неговата врата: Запленет му е дворец, Ролс Ројс и слики на Салвадор Дали...

Точка

16/10/2018

15:07

2.563

Големина на фонт

а а а

Француската жандармерија со поддршка на Европол, во Бургундија во близина на Дижон, уапси бегалец од Украинна кој што раскошно живеел во Франција.

За осомничениот, кој што бил уапсен на 5-ти октомври, се верува дека стои зад голем број на комплексни случаеви на меѓународни измами и перење на пари, односно на таков начин се стекнал со огромно богатство со кое и не се срамел добро да се пофали.

Во акцијата на француските власти биле запленети околу 4,6 милиони евра, вклучувајќи го и раскошниот дворец во кој што живеел Украинецот, неговиот автомобил Ролс Ројс Фантом и три скапоцени уметнички слики на Салвадор Дали, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“.

Француската жандермерија уште во јануари ја започнала истрагата за сомнителната трансакција околу купувањето на дворецот за три милиони евра, од страна на луксембуршка компанија чиј што сопственик бил украински државјанин осомничен за корупција во својата земја.

Поради меѓународниот контекст на случајот, француските власти веднаш побарале поддршка од Европол. Во истрагата во која што учествувале и властите на Луксембург и Украина, било утврдено дека роднините на споменатиот Украинец кој што го барала украинската полиција поради корупција, приложиле лажен документ дека е мртов.


Но, набрзо, француските власти не само што откриле дека тој е жив, туку откриле дека тој живее луксузен живот во Франција и ужива во своето нечесно стекнато богатство.

Како резултат на истрагата и на полициската акција во близина на Дижон, уапсен бил главниот осомничен, заедно со уште тројца соучесници, а оваа информација ја потврдија и француските власти и Европол.



Спонзорирани линкови

Маркетинг