Јовановски: Нема да гласам за уставни измени

Макфакс

16/10/2018

12:51

1.544

Големина на фонт

а а а

Доволно е една мала искра да биде некој жигосан како предавник и недостоен да застапува интересите на граѓаните тука, да кажам дека нема да гласам за уставни измени зашто со спогодбата од Нивици не се согласувам, изјави денеска од собраниската говорница Крсто Јовановски, пратеник од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Јовановски додава штом еден од двата услови за референдумот не е успешен, немам мандат јас.

Во однос на помирувањето, кое премиерот Зоран Заев го спомена вчера, Јовановски му порача да не ги турка пратениците да стиснат копче за кое на дале заклетва, бидејќи ниту премиерот, ниту лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, не се пратеници.

Да се затворите со Мицкоски пет-десет дена и да донесете заклучок за иднината на државата, а потоа да разговараме овде, изјави Јовановски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг