3 вкусни рецепти со овесни снегулки

Точка

16/10/2018

12:21

14.420

Големина на фонт

а а а

Во последно време од сите страни слушaме дека јаглехидратите треба да се избегнуваат за доручек, и дека најдобра комбинација се масти и протеини. Но има и индивидуални ставови дека јаглехидратите во форма на овесни снегулки се фантастична опција за доручек.

Овесните снегулки се одличен извор на комплексни јаглехидрати и влакна, а покрај доручек, може да се конзумираат како оброк пред тренинг. Во 100гр овесни снегулки има 350kcal. Доволно е да се внесе 40 – 60 грама на оброк. Овесните снегулки се идеална неутрална база за безброј вкусни комбинации и ја оправдуваат тезата дека здравата кујна може да биде интересна и вкусна.  

Пробајте ги трите рецепти со овесни снегулки кои ги препорачуваат Polleo Sport експертите.

Здрави палачинки:

Состојки:

75 гр овесни снегулки

3 јајца

банана

мала лажичка сода бикарбона

мала лажичка цимет

30 гр протеин по желба


Припрема:  

Сите состојки во миксер измешајте ги и печете ги на веќе загреана тава. Палачинките печете ги како американски палачинки, 1-2 минути на една страна и 20-60 секунди на другата страна. Палачинките може да ги јадете со путер од кикирики, протеински крем или сируп од тројно чоколадо/рафаело со 0 калории од Polleo Sport.

Мафини со овесни снегулки:

Состојки:

120 гр овесни снегулки

2 јајца

2 банани

2 лажички прашок за пециво

1 лажичка сол

1 лажичка цимет

4 дл бадемово млеко


Припрема:  

Бананите згмечете ги и додадете ги во јајцата и бадемовото млеко. Смесата додадете ја во сувите состојки и измешајте. Потоа ставете ја во калапи за мафини и на врвот додадете овошје, црно чоколадо или јаткасти плодови. Печете 20 – 25 минути на 180°.

Овесни кошници: 

Состојки:

Кошници

120 гр овесни снегулки

2 лажици мед

2 банани

1 лажичка цимет

1 лажица мелени ореви

малку сол

Крем

4 лажици јогурт

пола цеден лимон

1 лажица чиа семе

кора од лимон

Протеински крем

4 лажици грчки јогурт

дозерка протеин од ванила или јагода


Припрема: 

Згмечете ги бананите и поврзете ги со другите состојки. Смесата ставете ја во калапи за мафини и печете 15 мин на 180° - со тоа ќе направите кошнички. Кошните наполнете ги со крем по избор и додадете овошје по желба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг