"Присуствував на масовни оргии, тие сцени и мириси никогаш нема да ги заборавам"

Точка

16/10/2018

21:28

19.050

Големина на фонт

а а а

Новинарот Ричард Инес пред десет години присуствувал на оргии и вели дека тоа доживување никогаш нема да го заборави.

Тој своето искуство го опишал за британскиот "Mirror". Инес бил на жешка свингерска забава во Лондон, која била наменета само за убави и слаби парови и слободни жени под 40 години. Соло мажите, како што вели тој, имале забранет пристап. 

Новинарот ја започнал својата исповед со експлицитни описи на сцените кои ги затекнал на влезот - насред клубот имало два големи кревети на кои секој имал односи со секого, а на подот мажите орално ги задоволувале жените и обратно.

Ричард пристигнал на забавата со своја колешка од редакција бидејќи тој како сингл маж немал пристап до оргијата. Тие се претставиле како пар и успеале да влезат бидејќи изгледале прилично атрактивно. На оргиите имало 93 пара и 14 соло жени, но и покрај тоа, Ричард и неговата колешка не биле присилени да се придружат на акцијата.

Во текот на вечерта, тие ја запознале Џесика и нејзиното момче Дејвид од Ипсвич. Додека нејзиното момче работи во војска, Џесика смее да спие со други мажи колку што таа сака. Таа вечер спиела со пет мажи, а нејзиното момче само ја гледал бидејќи тоа го возбудувало. Дејвид им објаснил дека акцијата започнува така што седнувате на работ од креветот и чекате да ви се придружи некој "спремен за акција".

Од луѓето кои ги запознале таа вечер, тие дознале многу - оргиите не секогаш се одвиваат според планот, а тука понекогаш знаат да се појават и љубомора, хистерија и солзи. Ричард заклучува дека никогаш нема да ги заборави сцените кои ги видел, а особено миризбата на клубот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг