Коѕијас: Нема решение без ратификација на договорот од Преспа

Макфакс

16/10/2018

10:39

1.209

Големина на фонт

а а а

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, ја потврди грчката позиција за договорот со Македонија за време на Советот за надворешни прашања на ЕУ во Луксембург, јави државната грчка агенција АНА-МПА.

„Скопје треба да разбере дека нема решение без ратификација на преспанскиот договор“, рече Коѕијас.

Министрите за надворешни работи разговараа за резултатите од референдумот одржан на 30 септември во Македонија, кој покажа поддршка за договорот, но низок одѕив, јавува грчката агенција.

Коѕијас како нереални ги оценил тврдењата на главните опозициски партии во Македонија и Грција дека можат да постигнат подобар договор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг